Дома Фудбал Германија Нагелсман: Промашивме многу прилики, а постигнавме седум гола

Нагелсман: Промашивме многу прилики, а постигнавме седум гола

Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако на „Алијанц Арената“ го декласираа Салзбург со 7:1. Баерн во следната фаза поминува со вкупен резултат од 8:2.

Најдобар на теренот повторно беше Роберт Левандовски кој ги постигна првите три гола за Баерн и тоа во првите 20-тина минути. Со овој хет-трик Левандовски стана шестиот играч во историјата кој постигнал барем два хет-трика во една сезона.


Пред полскиот голгетер тоа го направија Кристиано Роналдо, Меси, Луис Адријано и Марио Гомез. Роналдо е единствениот во историјата кој постигнал три хет-трика во една сезона во ЛШ, тоа на Португалецот му успеа во сезоната 2015/2016.

„Многу добар натпревар за нас, технички неверојатна. Игравме одличен фудбал и отворивме многу ситуации, но од многу ситуации не постигнавме голови. Сепак, постигнавме седум гола“, изјави тренерот Нагелсман.

Задоволство од победата истакна и капитенот на Баерн, Мануел Ноер.

„Мислам дека во реваншот се покажавме во поинакво светло и не им дозволивме толку шанси од контра. Бевме стабилни и во одбраната. Мислам дека со оваа победа испративме порака. Пеналите ни донесоа добар старт и задоволни сме од настапот“, изјави Ноер.

Следниот натпревар Баерн го игра во сабота на гости против Хофенхајм во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Гринвуд: Сакам да останам во Марсеј, ќе играм во одбрана

Голгетерот на Олимпик Марсеј за оваа сезона Мејсон Гринвуд сака да остане во тимот и следн…