Дома Фудбал Нагелсман: Да ги заборавиме претходните дуели со Барса, сега се друг тим

Нагелсман: Да ги заборавиме претходните дуели со Барса, сега се друг тим

Баерн Минхен утре ја пречекува Барселона во второто коло од Лигата на шампиони, а тренерот на Баварците знае дека најголемата опасност доаѓа од Левандовски.

Германскиот гигант победи на последните четири дуели со Каталонците и тоа многу убедливо, со вкупна гол разлика 17:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова не е одлучувачки натпревар, но убаво ќе биде да видиме до каде сме против сериозно засилен тим. Го познаваме ривалот, има целосно нов тимски дух. Претходните натпревари против нив треба да се заборават. Барселона е агресивна, се брани високо со играчи на средината како Гави и Педри. Очекувам тежок меч“, истакна Нагелсман, кој потоа зборуваше за Левандовски.

„Ќе се ракувам со Левандовски, би бил среќен ако и фановите го дочекаат добро. Тоа е нормална работа за некој што дал многу за клубот. Не знам дали тој е нивниот најопасен играч, ама сигурен сум дека тој е најголемата опасност кон нашиот гол“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Најдобрата замена во историјата на Премиер лигата“ – тој е тактички гениј!

Практично сите 59 минути, Астон Вила беше притисната на Стамфорд Бриџ. Челси водеше со 1:0…