Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман знае што треба да направи неговиот тим во дуелот против Виљареал во Лигата на шампиони.




Во првиот натпревар Баерн неочекувано загуби на „Мадригал“ со 1:0 од Виљареал, па е под притисок пред реваншот во Минхен.




Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
„Не можеме да му дадеме време на Виљареал да покаже квалитет на теренот. Мораме да правиме тактички рокади и да играме валкан фудбал кога е потребно. Мораме да ги казниме што воопшто не ги искористија шансите на првиот дуел“, изјави Нагелсман.




„Направивме премногу грешки на првиот натпревар и тоа ќе мораме да го сведеме на минимум ако сакаме пласман во следната рунда, бидејќи влогот е голем“, додаде Германецот.