Дома Видео Навивачи на Рома уапсени поради обид за убиство

Навивачи на Рома уапсени поради обид за убиство

Двајца навивачи на Рома се уапсени синоќа во Ливерпул поради обид за убиство на еден од навивачите на Црвените.

Десетина минути пред почетокот на полуфиналниот натпревар дојде до судир меѓу навивачките групи, а 53-годишен навивач на Ливерпул го изеде најдебелиот крај.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој доживеа тешки повреди на главата и се наоѓа во тешка ситуација, а лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата веднаш ги идентификуваше навивачите на Рома. Се работи за 25. годишник и 26. годишник кои се уапсени и осомничени за обид за убиство.

Иако на Енфилд се очекуваше сосема мирен дуел меѓу навивачките групи сепак ескалираше ситуацијата пред натпреварот. На снимките кои се појавија јасно се гледа дека во судирот се користило ладно оружје, па така не е чудно што навивачот е тешко повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Манчестер Јунајтед прави неочекуван потег: На „Олд Трафорд“ пристигнува напаѓач кој е без клуб

Многу напаѓачи во последно време беа поврзувани со премин во Манчестер Јунајтед, но изглед…