Дома Топ вести Навивачите ќе почекаат за првиот меч во Париз: ПСЖ без Меси во 5. коло од Лига 1

Навивачите ќе почекаат за првиот меч во Париз: ПСЖ без Меси во 5. коло од Лига 1

Лионел Меси нема да биде во комбинација за настап за ПСЖ оваа сабота во рамките од 5. коло во француската Лига 1 во кое „светците“ ќе играат против Клермон.

Меси во договорот има клазула која му овозможува да не игра за ПСЖ ако има обврски кон Аргентина. Токму и настапот за репрезентацијата ќе биде причината за неговото отсуство.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Аргентина во петок наутро во 1:30 часот по полноќ по средноевропско време ќе игра против Боливија во квалификациите за СП. Така јасно е дека нема да стигне следниот ден да игра за ПСЖ во Лига.

Ова значи дека домашните ќе почекаат на негово деби во Париз, Меси за ПСЖ одигра 25 минути на гостувањето кај Ремс во минатото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…