Дома Фудбал Англија Навивачите на Јунајтед протестираат, сакаат Глејзер да си оди од клубот📷

Навивачите на Јунајтед протестираат, сакаат Глејзер да си оди од клубот📷

Група организирани навивачи на Манчестер Јунајтед утрово ја блокираа клупската база во Карингтон во знак на протест против сопствениците на клубот.

Според информациите тие ги блокирале двата влеза во базата и развиле транспарент: „Ние решаваме кога ќе играме“. „Глејзер надвор“ настојувајќи дека фановите треба да имаат 51% од акциите во клубот.

Според информациите од Англија фановите пристигнале во базата во 9 часот утринава, а некои од нив биле спречени да влезат во тренинг центарот. Потоа Солскјер и играчите имале разговор со фановите, кои потоа ги ослободиле влезовите во базата.

Вчера Џоел Глејзер им се извини на фановите за потегот Манчестер Јунајтед да влезе во Суперлигата, а директорот Вудворд најави оставка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел го носи Боатенг во Челзи

Искусниот германски дефанзивец Жером Боатенг ова лето најверојано ќе се пресели во Премиер…