Уште една разочарувачка сезоната за „црвените ѓаволи“.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаа пораз во последното коло од Премиер лигата од Кардиф со 0:2 и така сезоната ја завршија на шестата позиција со 66 освоени бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат Јунајтед славеше на 13-ти април кога со многу среќа „ѓаволите“ беа подобри од Вест Хем.
Вчера фудбалскиот аналитичар и колумнист Пол Мирсон пишуваше дека според него Оле Гунар Солскјер може да остане без работа ако Јунајтед изгуби од Кардиф што денес се случи. Дали Мирсон имал право ќе покаже времето.
Добар дел од навивачите на Манчестер Јунајтед го делат мислењето на Мирсон.
Ова се дел од коментарите на Островот на навивачите на Јунајтед после денешниот натпревар:
„Како Јунајтед може да си дозволи Солскјер да биде тренер? Мора да има протест на секој натпревар додека не доби отказ“.
„Ајде да го отпуштиме Солскјер и да го доведеме Покетино. Мислам дека ако Спарсите ја освојат Лигата на шампионите тој ќе го достигне максимот со нив. Дајте му слобода да го обнови Манчестер Јунајтед, ова е преголем „залак“ за Оле“.
„Отпуштете го Солскјер и покажате м*да. Нема шанси освој професор по физичко да не врати на славните патеки. Испушти поени против Хадерсфилд и Кардиф. Оле е зад воланот и вози во погрешна лента“…
Ваквите коментари од навивачите на Островот јасно зборува за незадоволство кое владее помеѓу „црвените ѓаволи“ и сега навистина се поставува прашањето дали Солскјер ќе го преживее летото кое следи на клупата на Јунајтед.