Kристиано Роналдо беше исклучен на дебито за Јувентус во Лигата на шампионите и секако дека тоа ги разочара навивачите на Јувентус, посебно начинот на кој Португалецот беше исклучен.
Разбирливо, исклучувањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата денес е главна тема во спортските медиуми каде што преовладува мислењето дека Брих донесе преострога одлука.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог

Како доказ дека Феликс Брих вчера апсолутно потфрли и не беше на нивото на задачата навивачите на „старата дама“ ја истакнуваат ситуацијата во која Јувентус доби најсторга казна.
Во тој момент играчот на Валенсија високо ја крена ногата и со ѓонот на копачката го удри Кансело директно во лице, за што Брих му додели само жолт картон.
