Дома Топ вести Навивачите на Реал Мадрид едногласни – го сакаат НЕГО!

Навивачите на Реал Мадрид едногласни – го сакаат НЕГО!

Навивачите на Реал Мадрид едногласно ја избраа новата ѕвезда, а тоа е Килијан Мбапе!

Во масовна анкета во која гласаја околу 70.000 фанови на Реал Мадрид, јасно ја изразија својата желба во својот тим да го видат младиот Французин, Килијан Мбапе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На прашањето кој треба да си замине ако дојде Мбапе, дури 42,63% одговориле Герет Бејл, додека 24,65% сметаат дека треба да замине Роналдо доколку дојде Французинот.

Интересно е дека само 12,25% сметаат дека Карим Бензема треба да си замине во случај да дојде Мбапе.

Во друга анкета каде фановите требаа да изберат еден помеѓу Мбапе или Бејл, дури 75% се одлучиле за играчот на Монако.

Мбапе е главна трансфер цел на „кралевите“ ова лето и Реал е спремен да плати 135 милиони евра за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…