Дома Фудбал Останато Навивачите на Ливерпул едногласни: Проклети сме!

Навивачите на Ливерпул едногласни: Проклети сме!

Навивачите на Ливерпул се разочарани затоа што беа толку блиску за последното коло во Премиер лигата да го дочекаат на првата позиција.

Баш кога изгледаше дека Лестер може да освои бод на „Итихад“ бидејќи на семафорот стоеше 70-тата минута, Винстент Компани за прв пат после 10 години постигна гол надвор од шеснаесетник.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Искусниот белгиски стопер испрати проектил од далечина кој заврши во мрежата на Лестер. Тоа беше гол на одлука, па Сити Брајтон го дочекува како лидер. Сега на тимот на Пеп Гвардиола му е неопходна само уште една победа за обезбедување на титулата.

Со толку освоени бодови (94) сигурно заслужуваат да бидат шампиони и би биле во голем дел од минататите сезони, но едноставно Ливерпул нема среќа.

Такви беа коментарите на навивачите после голот на Компани.

„Кога Компани постигнува гол од 30 метри тогаш навистина сме проклети“

„Не е можно дека Компани тоа го направи. Па проклети сме, нема друго решение“.

„Завршив со фудбалот, проклети сме“, гласеа дел од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Копа Америка: Бразил демонстрираше моќ против Парагвај, Колумбија обезбеди четвртфинале

Бразил не започна добро на Копа Америка, откако ремизираше против Костарика со 0:0, но тоа…