Заедно со Милан, Борусија за сега е најактивниот голем европски клуб во летниот трансфер период кој официјално се уште не започна.
„Милионерите“ денеска го претставија своето четврто засилување за новата сезона, а станува збор за Максимилијан Филип кој пристигна од Фрајбург.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Овој 23-годишен Германец за Борусија потпиша петгодишен договор, а платен беше 20 милиони евра.
Колку што навивачите се среќни поради споменатото засилување, толку се и тажни бидејќи доаѓањето на Филип би можело да значи и заминување на Обамејанг. Габонецот долго е на излезните врати од клубот и сега навистина изгелда дека неговата епизода во Дортмунд е завршена.
За Филип ова лето интерес покажаа и РБ Лајпциг и Тотенхем, но Борусија беше најконкретна и успеа да дојде до младиот и квалитетен напаѓач.
Потсетуваме, за Борусија за време на паузите потпишаа Омер Топрак (Баер Левекузен), Махмуд Дахуд (Б.Мехенгалдбах), Аксел Загаду (ПСЖ), а тука е и младиот Александер Исак кој пристигна од АИК.