Дома Фудбал Навивачите на Барса бараат отказ за Валверде

Навивачите на Барса бараат отказ за Валверде

Барселона веќе четири натпревари во Ла Лига не знае за победа, па навивачите на каталонскиот клуб полека го губат трпението со тренерот Ернесто Валверде.

После ремито со Валенсија на Местаља, Севиља го превзема лидерското место на табелата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Навивачите не се задоволни од играта на тимот. Како на стадионот, така и на социјалните медиуми бараат заминување на Валверде од клупата.

Каталонските навивачи посебно ги налути фактот што не менуваше во натпреварот со Валенсија до самиот крај.

Валверде имаше објаснување зошто не менуваше до самиот крај.

„Не менував до самиот крај бидејќи сакав да сочекам. Верував дека играчите кои се на теренот ќе ја донесат победата.“ – рече Валверде.

Овој стручњак на клупата на Барса дојде во текот на летото претходната сезона и во првата сезона ја освои Ла Лига, Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повард понудебжн на Барселона

Дефанзивецот на Интер Бенжамен Повар бил понуден на Барселона, тврди каталонското издание …