Италијанскиот гигант Милан бара нов напаѓач, а на листата со желби на управата се наоѓа 17-годишен српски фудбалер Матија Поповиќ.
Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека Милан му понудил договор на напаѓачот на Партизан во траење од четири ипол години.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Поповиќ во моментов игра за јуниорите на Партизан, а има договор до крајот на оваа сезона и тоа сака да го искористи Милан.
Ди Марцио го опишува како талентиран млад напаѓач со одлични физички предиспозиции и висина од 195 сантиметри.