Дома Фудбал Навивачите во Саудиска Арабија го исвиркуваа Тони Крос. Еве зошто

Навивачите во Саудиска Арабија го исвиркуваа Тони Крос. Еве зошто

Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 5:3 по продолженијата во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот се одигра во Саудиска Арабија.

Лука Модриќ во 67. минута беше заменет со Тони Крос, кој беше исвиркуван од домашните навивачи при секој контакт со топката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Саудијците му замерија на Германецот за неговиот коментар за трансферот на младиот шпански играч за врска Габри Веига од Селта Виго во Ал-Ахли.

Да потсетиме, еден од најдобрите млади играчи во Ла Лига сериозно се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи, но ја избра Саудиска Арабија поради побогатиот договор.

Тони Крос ја коментираше одлуката на Веига.

„Срамно“, напиша Крос на Инстаграм, покажувајќи дека воопшто не се согласува со одлуката на младата шпанска ѕвезда да замине во Ал-Ахли и покрај интересот на моќните клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…