Дома Топ вести Навивачите во „екстаза“: Конте носи голема ѕвезда во Интер

Навивачите во „екстаза“: Конте носи голема ѕвезда во Интер

Пол Погба константно се поврзува со заминувње од Манчестер Јунајтед, па се чини дека ова лето Французинот конечно би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Во последните месеци Погба најчесто се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, а се споменуваше и можен трансфер во ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес италијанскиот весник „Тутоспорт“ лансираше „бомба“ и тврди дека за потписот на Французинот се вклучил и милански Интер. „Нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат Погба и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Интер е во одлични односи со Манчестер Јунајтед и во изминатите месеци донесе четворица фудбалери од Олд Трафорд, а предност за „нероаѕурите“ може да биде и Антонио Конте, кој е во одлични односи со Погба.

После лошата сезона полна со поведи цената на Погба драстично падна, па Интер се надева дека ќе може да го купи Французинот за сума помеѓу 90 и 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…