На Арсенал оваа сезона не му оди, а навивачите полека го губат трпението.
Лошите игри и тврдоглавоста на Емери ги натераа навивачите на „топџиите“ да бараат смена на тренерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку дена наназад во медиумите се пишува дека Жозе Мурињо е блиску до клупата на клубот од Лондон. Наводно, Емери ќе добие отказ ако Арсенал изгуби од Лестер.
Денес се појавуваат уште лоши вести за Емери. Имено, неговиот Арсенал во 11-тото коло од Премиер лигата изедначи неколку негативни рекорди.
Арсенал го изедначи најмалиот број освоени поени уште од 1982 година. После 11 кола „топџиите“ освоија само 17 бодови.
Изедначен е и најмалиот број на победи од 1981 година (четири победи). Избраниците на Емери го изедначија и бројот на најмногу нерешени натпревари уште од 1975 година (пет).
Го изедначи Арсенал и вториот најмал број на постигнати голови, а тоа 16 после 11 натпревари. Арсенал ја има и најслабата гол-разлика од 1982 година. Поточно таа изнесува +1 (16 дадени и 15 примени голови).
Сето ова секако се однесува за првите 11 натпревари.