Дома Фудбал Репрезентации Мaкедонија против Холандија во Амстердам ќе игра пред 12.000 гледачи

Мaкедонија против Холандија во Амстердам ќе игра пред 12.000 гледачи

Maкедонија ова лето ќе игра на Европското првенство, првите два натпревари ќе ги играме во Букурешт против Австрија и Украина, а третиот во Амстердам каде што ќе не пречека Холандија.

Засега најавите се дека на Европското првенство ќе има публика, колку не се знае. Сега информација пристигна од Фудбалската федерација на Холандија за натпреварите кои ќе се играат во оваа земја.

Како што објавија натпреварот на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам ќе се игра пред 25% од капацитетот на стадионот што значи дека ќе може да присуствуваат 12.000 гледачи.

Сите гледачи ќе требаат да имаат негативен тест за Ковид-19 во кус период пред натпреварот и ќе мораат да се придржуваат до строгите правила за безбедност додека се на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ќе биде интересно во Дортмунд: Белингам со убав гол брзо ја анулира предноста на Сити! 🎥

Борусија Дортмунд преку младиот Белингам брзо ја анулира предноста на Манчестер Сити. Бели…