Дома Топ вести Му пропадна трансферот во Ливерпул, па сега ќе стане „крал“

Му пропадна трансферот во Ливерпул, па сега ќе стане „крал“

Еминентниот француски весник „Екип“ пренесува дека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Лион, Набил Фекир.

„Екип“ тврди дека „кралскиот“ клуб го сака Французинот уште во јануари и веќе спремил понуда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фекир беше пред трансфер во Ливерпул ова лето, но зделката неочекувано пропадна во последен момент, откако „црвените“ се откажаа поради загриженоста за неговата физичка состојба.

Меѓутоа, офанзивниот играч за врска оваа сезона продолжи со одличните партии и постигна голови во последните 3 натпревари, а беше клучен играч во победата над Манчестер Сити.

Во Реал Мадрид сметаат дека Фекир би бил идеално засилување, особено поради фактот што на Лопетеги му се потребни играчи за ротација.

Лион е подготвен да започне преговори за негов трансфер, а медиумите тврдат дека Реал веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…