Виктор Мозес денес е еден од најдобрите крилни фудбалери во Премиер лигата и е незаменлив во стартниот тим на Челзи, но неговиот животен пат беше навистина тежок.
Роден е во Нигерија, во градот Кадина каде во 2001 година беше воведен шеријатски закон и избија големи побуни кај христијанскиот дел од населението.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговите родители, Аустин и Жосефина Мозес беа христиански мисионери, а неговиот татко имаше сопствена црква во градот. Во 2002 година муслиманските екстремисти упаднале во неговиот дом и ги убиле двајцата родители на фудбалерот. Тогаш 11-годишниот Виктор играл фудбал на улица во моментот кога дошол чичкому и му ја соопштил тажната вест.
Од страв за неговиот живот Виктор најпрво се криел кај пријатели, а седум дена подоцна одведен е во Англија каде го продолжил својот живот, но и фудбалскиот пат. Тој и остатокот од неговото семејство заминале како избеглици и барале азил во јужен Лондон, а неговата животна желба да стане професионален фудбалер почна да се остварува. Се запишал во христианско училиште и почнал да тренира фудбал во мал клуб каде многу рано почнал да го покажува својот талент.
Неговиот прв клуб, Космос 90 важел за многу слаб тим, но Мозес во нивниот дрес постигнал 8 гола уште на првиот натпревар. Во тој период го приметил Кристал Палас и го довел во својата академија, па уште тогаш понале да му предвидуваат богата кариера. Го прифати повикот да заигра за младите категории на англиската репрезентација и беше најдобар стрелец на Европското првенство до 17 години во 2007 година.
Од Кристал Палас во 2010 година заминува во Виган каде одигра две фантастични сезони, а потоа прави трансфер во Челзи, каде на почетокот не успева да се избори за место во првиот тим. Потоа беше испраќан на разни позајмица се до оваа сезона, кога Антонио Конте се одлучи да му пружи шанса во првиот тим.
Оваа сезона одигра 25 натпревари за Челзи и постигна три гола со две асистенции, но она што е наважно игра во животна форма и е незаменлива карика во тимот кој ита кон титулата во Премиер лигата.
За 26-годишниот Мозес ова е конечно остварување на неговиот сон, како подарок што не се откажуваше и во најтешките моменти и покажа неверојатна животна и фудбалска борбеност.