Tимот на Шкендија се враќа со минимална победа од 1:0 во Струмица каде што ја совлада Академија Пандев, додека Вардар одигра реми без голови во натпреварот против последнопласираниот тим на табелата, Победа.
Денес во македонското првенство на пет натпревари беа постигнати само шест погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изненадување приреди Победа која остана непоразена против Вардар.
Црвено-црните очекуваа победа против тимот кој многумина го отпишаа, но сепак тие освоија бод.
После овој кикс на Вардар, Шкендија на првата позција има 10 бода повеќе од црвено-црните.
Шкендија во Струмица против Академија Пандев славеа со голот на Муслиу.
Работнички во првиот натпревар после промената на тренерот одигра 1:1 против Беласица. Натпреварот помеѓу Силекс и Македонија Ѓ.П заврши со истиот резултат, додека Ренова запиша минимална победа против Шкупи со 1:0.