Дома Трансфер зона Мусакио го напушта Милан и се враќа во Шпанија

Мусакио го напушта Милан и се враќа во Шпанија

Матео Мусакио го загуби местото во првиот тим на Милан, откако пристигна Симон Кјаер, па е спремен да ја промени средината ова лето.

Таквата ситуација сака да ја искористи Валенсија, која во Мусакио гледа идеално засиливање за одбраната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Лилјаците“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да му понудат 4-годишен договор на искусниот Аргентинец.

Неговиот договор со Милан истекува во 2021 година, па „росонерите“ се спремни да го продадат ова лето за 10 милиони евра.

Меѓутоа, Валенсија ќе треба да се избори со конкуренцијата, бидејќи за Мусакио интерес покажуваат уште Севиља и Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…