Фудбалерот за кој до пред некоја година во борба беа неколку репрезентации, сега Жозе Мурињо го смета за непотребен.
Аднан Јанузај ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.
Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, откако се вратил од Сандерленд каде што настапуваше како позајмен фудбалер, му било соопштено дека треба да си бара нов клуб.
Јунајтед и Жозе Мурињо се спремни да го продадат, а сумата која очекуваат да ја заработат од неговата продажба е помеѓу 10 и 15 милиони евра.
Јанузај од 2013 година настапува за првиот тим на Манчестер Јунајтед, но до сега одигра 50 натпревари и постигна пет погодоци.
Белгиецот минатата сезона беше позајмен на Борусија Дортмунд, а оваа сезона на Сандерленд каде што настапи на 25 натпревари, но не се запиша во листата на стрелци.