Жозе Мурињо денес дебитираше со победа на клупата на Тотенхем во лондонското дерби против Вест Хем.
Тотенхем победи со 2:3, а големо внимание пред натпреварот привлече одлуката на Жозе Мурињо да го остави Кристијан Ериксен на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот Португалецот ја објасни својата одлука.
„Морам да почуствувам дека играчот тука. Овој натпревар беше многу важен за нас и треба да сфатам прво што Кристијан има во својата глава и во своето срце, а потоа да донесам исправна одлука. Во наредниот период ќе го дознаеме тоа“, објасни Мурињо.
Очигледно Мурињо не е сигурен дали Ериксен ќе остане во клубот, Данецот веќе неколку преодни рокови констатно се поврзува со заминување од клубот.