Дома Фудбал Останато Мурињо: Треба да бидам рационален при изборот на нов клуб!

Мурињо: Треба да бидам рационален при изборот на нов клуб!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно зборуваше за својата иднина, која се уште е нејасна после отказот во Манчестер Јунајтед.

„Специјалниот“ истакна дека сака внимателно да го избере својот нов клуб и смета дека треба да биде рационален при изборот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Единствено што знам е дека не можам да бидам емоционален во донесувањето на одлука. Морам да бидам рационален. Нема потреба да одбирам нова средина само затоа што сакам да работам. Не сум очаен за да сакам да работам каде било. Ќе го изберам следниот клуб доколку видам дека е вистински мотивирачки проект за мене“, изјави Мурињо.

„Сакам да се вратам посилен од било кога. Учам многу и напорно работам на себе за да бидам подготвен да се вратам на највисоко ниво“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…