Дома Топ вести Мурињо спремен да ја плати клазулата и да зададе тежок удар на Барса!

Мурињо спремен да ја плати клазулата и да зададе тежок удар на Барса!

mourinho

Oва би можело да биде и потежок удар за Барса од заминувањето на Нејмар.

Каде што има „чад има и оган“, па така е и во оваа приказна. Самуел Умтити и Барселона се уште не можат да се договорат, а гиганатите од Премиер лигата чекаат зад аголот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред сите, тука е Жозе Мурињо и изгледа дека Манчестер Јунајтед може да го украде овој дефанзивец бидејќи клазулата изнесува 60 милиони евра, што според денешната ситуација на трансфер пазарот воопшто не е преголема сума.

Англиските медиуми денес пренесуваат дека Мурињо ја следи ситуацијата и чека вистински момент да тргне во акција. Умтити стана столб и незаменлив дел од одбраната на Барса и е еден од најзаслужните што екипата оваа сезона прими мал број на голови.

Умтити има договор до 2021 година, Барса сака да го продолжи договорот, но проблем се годишните примања на фудбалерот за кои двете страни барем засега не можат да се договорат.

Заминувањето на Умтити би било голем удар за Барселона. Каталонците би останале без фантастичен дефанзивец кој има само 24 години, па поради тоа медиумите сметаат дека ова за тимот на Валверде би бил и поголем удар од заминување на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…