Дома Фудбал Останато Мурињо се налути: Тоа се лажни вести!

Мурињо се налути: Тоа се лажни вести!

Голем број светски медиуми неодамна објавија тим на најдобри играчи наводно составен од Жозе Мурињо.

Наводно Мурињо во својот идеален тим одлучил да има место за: Петр Чех, Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Вилијам Галас, Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Кристијано Роналдо, Еден Азар и Дидие Дрогба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, Португалецот сега се одлучи да се огласи и да демантира дека никогаш не составувал негов најдобар тим бидејќи за него тоа е невозможно.

„Никогаш ниту сум го правел тоа, ниту ќе го правам. Водев многу големи играчи, најважно е што тие играчи ми дадоа. Играчите кои ми дадоа се: Крв, труд, душа, квалитет…Сите тие се во моите најдобри 11. Токму затоа секогаш одбивав да ги одберам моите најдобри 11. Ги сакам и ги почитувам моите играчи. Тоа се лажни вести. Ќе ве замолам да ја почитувате мојата историја и моите фудбалери“, изјави Мурињо.

Во овој момент Мурињо ја води Рома и е еден од најдобрите тренери на сите времиња освојувајќи се што може да се освои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…