Дома Трансфер зона Мурињо сака да го донесе Ндомбеле во Рома

Мурињо сака да го донесе Ндомбеле во Рома

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е силно заинтересиран за играчот за врска на Тотенхе, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.

Мурињо одлично ги познава квалитетите на 24-годишниот Французин со кого работеше заедно во Тотенхем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рома е во потрага по квалитетен играч за врска, а „Специјалниот“ верува дека Ндомбеле идеално би се вклопил во тимот и сака да го донесе во јануари.

Французинот не е задоволен од својот статус во Тотенхем и сака да ја промени средината.

Проблем може да биде цената бидејќи „спарси“ за неговата слобода бараат најмалку 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…