Менаџерот на Манчестер Јунајтед. Жозе Мурињо смета дека е невозможно сценарио Реал да го продаде Роналдо.
Роналдо има договор со Реал до 2021. година, па така ќе остане во Мадрид до свои 36. години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо, кој три години беше тренер на Кралскиот клуб е убеден дека неговиот сонародник ќе остане во Реал до крајот на кариерата.
„Реал не може да го продаде, тоа е забрането. Ќе остане се до моментот кога ќе го пуштат и тогаш ќе замине на една година во Америка или на некое друго место, каде ќе може да ужива.“
Мурињо откри дека бил близу до превземање на селекторската позиција во репрезентацијата на Португалија, и тоа во времето додека го тренираше Реал.
„За малку ќе заминев, но Флорентино не сакаше да ме пушти, бидејќи мислеше дека позицијата тренер на Реал не е компатибилна со селкторската работа.“