Дома Фудбал Италија Мурињо призна: Не е задоволен од преодниот рок на Рома

Мурињо призна: Не е задоволен од преодниот рок на Рома

Жозе Мурињо призна д ека не е најзадоволен од она што Рома го одработила во досегашниот преоден рок.

„Волчицата“ во Рим досега ги доведе Немања Матиќ, Зеки Челик и голманот Миле Свилар. Двајца од овие тројца, пристигнаа без оштета како слободни фудбалери. Меѓутоа треба да се спомене дека Николо Заниоло е на излезни врати и тој најверојатно ќе го засили Јувентус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Дали моето лице ви кажува дека сум загрижен? Не. Малку сум фрустриран од трансфер пазарот, но не сум загрижен“, изјави Мурињо.

Рома во овој период се поврзува со многу фудбалери како Дибала, Берарди, Гуедеше, Хамес Родригез…па дури и Роналдо, но засега нема нешто посериозно со ниту еден од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mурињо објасни на сите зошто го нарекуваат „Специјалниот“ – таква почит кон Меси никој не покажал!

Жозе Mурињо за многумина е сѐ уште еден од најдобрите тренери во светот, иако неговата кар…