Дома Фудбал Англија Мурињо пред дербито со Челзи: Натпревар како и сите други!

Мурињо пред дербито со Челзи: Натпревар како и сите други!

Манчестер Јунајтед викендов му гостува на Челзи во дербито на колото во Премиер лигата, а Мурињо тврди дека за него тоа е натпревар како и сите други.

„Специјалниот“ сепак напомена дека ќе се обиде да се контролира и да покаже респект кон своите поранешни навивачи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„За мене ова е натпревар како и сите други. Дали ќе славам ако победиме? Ќе се обидам да се контролирам и да покажам респект кон стадионот и фановите, кои беа мои долги години. Меѓутоа јас сум сега 100% дел од Манчестер и ќе се обидам да остварам што е можно подобар резултат“, истакна Мурињо.

Мурињо не даде конкретен одговор дали некој од повредените играчи како Матиќ, Фелаини и Лук Шо ќе бидат спремни за дербито и единствено откри дека Андер Ерера се враќа во тимот.

https://youtu.be/bk2ZaVPMVB4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола продава тројца фудбалери во јануари, за да се засили повторно?!

Пеп Гвардиола сака да се засили во 2026 година, а веќе во јануари е подготвен да го продад…