Дома Фудбал Англија Мурињо откри кој е најдобриот играч со кој работел и ги изненади сите!

Мурињо откри кој е најдобриот играч со кој работел и ги изненади сите!

Жозе Мурињо е еден од најуспешните тренери на светот и во својата богата кариера имаше прилика да работи со едни од најдобрите фудбалери во светот.

„Специјалниот“ со голем успех работеше во Порто, Челзи, Интер и Реал, а сега истите успеси сака да ги повтори во Манчестер Јунајтед.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мурињо ја одработува втората сезона на „Олд Трафорд“, а минатото лето го засили тимот со неколку врвни фудбалери.

На прашањето кој е најдобриот играч со кого работел во кариерата, Мурињо ги изненади сите.

„Тоа е Немања Матиќ, не можам да кажам дека сум имал подобри од него во кариерата“, јасен беше Мурињо.

Ова сигурно е голема чест за Србинот бидејќи листата на фудбалери со кои работел Мурињо е навистина импресивна. Кристиано Роналдо, Рамос, Лампард, Тери, Дрогба, Ибрахимовиќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…