Дома Фудбал Англија Мурињо: Не ми се потребни ниту 300 милиони фунти, ниту нови играчи

Мурињо: Не ми се потребни ниту 300 милиони фунти, ниту нови играчи

Meнаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо потврди дека клубот од Лондон нема да биде активен во претстојниот зимски преоден рок.

Португалецот кој неодамна седна на клупата на „Петлите“ порача дека не барал клубот да му обезбеди финансиски средства

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Опуштен сум бидејќи го добив она што го очекував. Очекував дека ќе ме прашате дали сум вознемирен што Даниел Леви изјави дека нема да троши во јануари. Не, не сум вознемирен. Го знаев тоа. Се беше јасно. Помеѓу нас во клубот нема  тајни и тоа ме прави среќен. Во јануари не ми се потребни 300 милиони фунти, не ми се потребни ниту нови играчи“, изјави Мурињо.

Претходно се пишуваше дека Мурињо сака да го освежи тимот и да доведе замена за Кристијан Ериксен кој оваа сезона игра под очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Баерн Минхен

Манчестер Сити сè уште не може да смета на Родри каков што го знаеме од пред освојувањето …