Дома Фудбал Останато Мурињо не им се обратил на своите играчи после поразот од Динамо

Мурињо не им се обратил на своите играчи после поразот од Динамо

Жозе Мурињо не им се обратил на своите играчи после дебаклот на „Максимир“ пишува „Телеграф“.

Португалецот со Тотенхем беше поразен во реваншот после продолженија со 3:0 и така со вкупни 3:2 англискиот гигант го заврши настапот во второто по ранг натпреварување во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После големата победа Мурињо беше во соблекувалната на Динамо да им честита на играчите, но на своите не им кажал ниту збор.

„Само што ја напуштив соблекувалната на Димнамо, бев таму да ги пофалам момците. Жал ми е што не победи мојот тим. Затоа се чувстувам тажно. Суштината на фудбалот не е само во играчите кои мислат дека се подобри од другите. Основата на фудбалот доаѓа од ставот“, изјави Мурињо после натпреварот.

Очигледно Жозе не знае што да им каже на своите играчи кои си дозволија еден таков дебакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…