Тотенхем е заинтересиран за двајца фудбалери од Серија А, пренесуваат англиските медиуми.
Жозе Мурињо го сака левиот бек на Јувентус, Алекс Сандро и Тимоти Кастањ од Аталанта, кој игра по десната страна и може да игра како бек и како крило.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да дојде до потписот на Алекс Сандро, „Специјалниот“ е спремен да се раздели со Серж Орие. Така Тотенхем сака да ја намали цената на Бразилецот која моментално изнесува 50 милиони евра.
Кастањ пак ги воодушеви сите со своите настапи оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрити игри на Аталанта. Белгискиот репрезентативец е исто така и на радарот на Пари Сент Жермен, а неговата цена изнесува 25 милиони евра.
Tottenham Hotspur are reportedly offering Serge Aurier plus cash for Juventus full-back Alex Sandro, while pushing Atalanta for Timothy Castagne https://t.co/AIxfxrFSx6 #THFC #Juventus #Atalanta pic.twitter.com/eWwWNJv9Xb
— footballitalia (@footballitalia) May 12, 2020