Дома Фудбал Италија Мурињо имал две понуди: Откри кои клубови ги одбил за да остане во Рома

Мурињо имал две понуди: Откри кои клубови ги одбил за да остане во Рома

Жозе Мурињо го потврди она што се пишуваше во претходниот период, дека добил понуди од Саудиска Арабија, а откри и од кои клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За „Кориере дело Спорт“, португалскиот стратег изјави дека Ал Хилал и Ал Ахли биле клубовите кои се обидувале да го доведат.

Мурињо во Рома пристигна во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига во неговата прва сезона, а минатата играше финале во кое загуби од Севиља.

„Ал Хилал и Ал Ахли се обидуваа да ме доведат, испратија понуди, но ги одбив и одлучив да останам во Рома. Никогаш никаде не е како што посакувате, се лутам во еден час, но потоа се расположувам, не паѓам во депресија и не се заканувам, го работам тоа што ми е работа“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо даде „зелено светло“ за големо засилување на Реал Мадрид!

Реал Мадрид ова лето би можел да се впушти во реализирање уште еден голем трансфер, а во ц…