Дома Фудбал Италија Мурињо за дербито со Лацио: Судијата не беше толку лош, но ВАР правеше многу грешки

Мурињо за дербито со Лацио: Судијата не беше толку лош, но ВАР правеше многу грешки

Португалецот Жозе Мурињо во јавноста во свој стил реагираше по поразот од Лацио.

Мурињо не беше задоволен од судиите на натпреварот. Мурињо верува дека Лацио не бил подобриот тим на теренот.

„Нивото на квалитетот на судиите во Италија е подобро во однос на она кога претходно бев тука. Но за жал сега ВАР прави проблеми. Судијата не беше толку лош, колку што ВАР правеше грешки. Исто така, Леива заслужи втор жолт картон, Пелегрини доби црвен картон за нешто што секој втор натпревар се гледа“.

„Ние бевме подобар тим во овој натпревар. Нормално дека кога сте примиле три гола, значи имало проблем, но ние одигравме добро и доминиравме. Два гола примивме од контранапди и еден додека чекавме пенал. Ги искористија последните минтуи, а судијата им го дозволи тоа“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ибрахимовиќ: Ќе го притиснам Милан да ми го продолжи договорот

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ призна дека сака да го продолжи договорот со „росон…