Дома Фудбал Англија МУРИЊО ДОБИ УЛТИМАТУМ: Овој натпревар пресуден, пронајдена и замената

МУРИЊО ДОБИ УЛТИМАТУМ: Овој натпревар пресуден, пронајдена и замената

Изгледа дека деновите на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ наскоро би можело да бидат одборени.

Британскиот „Експрес“ пренесува приказна дека Манчестер Јунајтед неодамна му дал некаков ултиматум на својот тренер. Имено, по два последователни проази против Брајтон и Тотенхем, Манчестер Јунајтед му гостува на Барнли и доколку го загуби тој натпревар, Мурињо ќе биде поранешен.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Се разбира, ова не е толку големо изненадување со оглед на тоа што Мурињо за сега не успеа ниту малку да го направи она за тоа што е доведен, а тоа е да го врати Јунајтед во самиот врв на англискиот и европскиот фудбал. Иако минатата сезона заврши како второпласиран во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед не беше ниту блиску до градскиот ривал Сити кога станува збор за борбата за титулата, а Мурињо на почетокот на сезоната беше прв кандидат според обложувалнцитие да добие отказ.

Трпението на навивачите веќе е на самиот раб, а по новите два порази изгледа дека ниту еден навивач на клубот од „Олд Трафорд“ не би имал ништо против Мурињо да добие отказ по евентуалниот неуспех против Барнли.

Исиот извор тврди дека замената е подготвена – тоа е Зинедин Зидан. Французинот е без работа откако го напушти Реал Мадрид, но за многу брзо време би можел да се врати покрај аут линијата, бидејќи наводно веќе ја прифатил поканата од Манчестер Јунајтед.

Нам сега ни останува само да го почекаме натпреварот помеѓу Барнли и Манчестер Јунајтед, па да видиме што ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…