Дома Фудбал Англија Мурињо: Денешните фудбалери не се „мажи“ туку детишта!

Мурињо: Денешните фудбалери не се „мажи“ туку детишта!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека современите фудбалери не се „мажи“ како некогаш, и дека многу тоа се променило во изминатите десет години.

Мурињо ја започна тренерската кариера во 1994 година, кога стана асистент во Порто. Во меѓувреме имаше прилика да соработува со многу фудбалери и големи ѕвезди, па вели дека со тек на време карактерот на фудбалерите станал „детски“ и незрел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас морам да го прифатам новото време и новите фудбалери. Морам да разберам дека постои разлика во работата со фудбалер како што некогаш беше Френк Лампард, кој со 23 години веќе меше маж, знаеше што прави, и сегашните млади фудбалери кои се и понатаму деца“, изјави Мурињо.

„Тие се детишта, а не мажи и сето она што ги опкружува не им помага ни нив, а ни мене во работата. Но, јас морам на сето тоа да се навикнам. Пред десет години ниту еден фудбалер немаше мобилен телефон во соблекувалната, тоа сега не е случај“, додаде Португалецот.

„Мора да се прилагодите, бидејќи ако се борите против тоа може да предизвикате конфликт. Признавам дека тоа што имам син и ќерка во тие години ми помогна да разберам како функционира денешниот свет. Технолигијата ни даде многу нови орудија, науката исто така. Но, генерално од позиција на лидер мора да ги разбирате и познавате луѓето со кои работите“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…