Дома Топ вести Мурињо го пушта Де Геа, но само под еден услов!

Мурињо го пушта Де Геа, но само под еден услов!

Не е тајна дека голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската репрезентација, Давид де Геа е голема желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Кралевите“ пред две години постигнаа договор со Јунајтед, трансферот беше речиси готово, но пропадна во последниот ден од преодниот рок поради ненавремено испраќање на документацијата.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тогаш Де Геа остана во Манчестер, го продолжи договорот, но Перез и понатаму сонува да го донесе шпанскиот голман на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми тврдат дека следното лето Реал повторно ќе се обиде да го донесе Де Геа, а Мурињо е спремен да го пушти само под еден услов.

Имено, „Специјалниот“ ќе го пушти Де Геа само доколку во спротивна насока Реал го испрати Рафаел Варан, кој е миленик на Мурињо.

Французинот е еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа, а токму Мурињо во 2011 година го донесе на „Сантиаго Бернабеу“ и му даде шанса во првиот тим.
Сепак, тешко е да се поверува дека Перез ќе се согласи на ваквиот услов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…