Хрватската репрезентација го приреди најпријатното изненадување на овој Мундијал и се пласираше во финалето.
Светските медиуми имаат само комплименти за „коцкестите“ после победата над Англија и пласманот во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Свој коментар даде и еден од најдобрите трениери на денешницата, Жозе Мурињо кој испехот на Хрватска го опиша како „нешто величенствено“.
„Ова е голем успех за земја во која домашното првенство не е толку силно и каде најголемиот дел од играчите играат во странство, зотшто кога работите надвор од својата земја се чувствувате поинаку. За сите тие кои ја однесоа Хрватска во финале ова е нешто величенствено“, рече Мурињо.
Португалецот потоа ги утеши Англичаните и даде оптимистичка изјава за Гордиот Албион.
„Англија има причина да плаче, бидејќи беше многу близу до финале, но исто така има причина да бидат и оптимисти. Екипата многу напредуваше во текот на натпреварувањето. Се работи за млад тим и голем дел од нив ќе играат на наредните првенства со повеќе искуство од своите клубови и имаат причина да се вратат дома горди“, заклучи Мурињо.