Жозе Мурињо и неговиот тим рано утрово се вратија од Москва каде што запишаа убедлива победа над тимот на ЦСКА, но ова би можела да биде „пирова“ победа кога ќе се погледнат проблемите на Португалецот после овој натпревар.
Да потсетиме, пред натпреварот пртоив ЦСКА, Мурињо остана без Фил Џонс и Маруан Фелаини, додека во текот на натпреварот удар заработи одличниот напаѓач Ентони Марсијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така поради повреда, од поодамна надвор од тимот се Рохо, Погба, Ибрахимовиќ и Мајкл Керик.
„Мислам дека Керик нема никакви шанси да се врати на теренот за викендот, додека Џонс и Фелаини се под голем знак прашалник, јас искрено се надевам дека ќе бидат спремни, но само се надевам. Кога во прашање е Марсијал, тој заработи удар и штета што не можеше да го заврши натореварот, бидејќи мојот план беше да ги одигра сите 90 минути“, изјави Мурињо.
Ова би можело да значи дека Мурињо повторно би можел да игра со тројца во последната линија, како и во Москва, додека за поединците како што се Лукаку, Микхтаријан и Матиќ нема време за одмор и ротација.
Натпреварот против Кристал Палас, Манчестер Јунајтед го игра во сабота со почеток од 16:00 часот.