Дома Фудбал „Мундо Депортиво“: Перез ја „скроил“ судбината на Лопетеги уште пред „Ел Класико“

„Мундо Депортиво“: Перез ја „скроил“ судбината на Лопетеги уште пред „Ел Класико“

Шпански „Мундо Депортиво“ тврди дека „Ел Класико“ не било од пресудно значење и дека Лопетеги би бил отпуштен без разлика како ќе заврши овој натпревари, а заврши со вистинска катастрофа за „кралевите“.

Каталонскиот медиум пишува дека клубот го договорил Антонио Конте уште пред „Ел Класико“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Перез и пред „Ел Класико“ имаше постигнато договор со Конте. Дури и помошникот на Конте го гледаше натпреварот на стадионот“, пишува „Мундо Депортиво“.

Овој медиум наведува дека пресуден бил разговорот на Серхио Рамос со Перез на кој наводно капитенот отворено му соопштил на Перез дека Лопетеги ја нема поддршката од соблекувалната, нешто е што е спротивно на она што го тврдеше Лопетеги после вчерашниот натпревар.

Зошто тогаш Конте не бил именуван пред натпреварот?

„Перез не сакал Конте да започне со најтешкиот можен натпревар во Ла Лига“, барем така тврди „Мундо Депортиво“.

Како и да е Реал доживеа дебакл и сега би било вистинско изненадување доколку го видиме Лопетеги и на следниот натпревар на клупата на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…