Дома Македонски спорт Мак ракомет Мукаетов ќе биде претседател на РФМ најмалку до 2025 година!

Мукаетов ќе биде претседател на РФМ најмалку до 2025 година!

Македонската ракометна федерација по завршувањето на настапот на нашата репрезентација на Мундијалот во Еипет ќе го организира изборното собрание за избор на претседател.

Актуелниот претседател Живко Мукаетов повторно ќе се кандидира, а сите клубови изразија поддршка. Со документ потпишан од сите клубови тие застана зад сегашниот претседател и тоа е само доказ дека Мукаетов одлично си работи својата работа.

Во ваква ситуација кога сите клубови изразија поддршка изборот во недела (31.01.2021) ќе биде само формален и Мукаетов ќе биде реизбран. Според правилата еден клуб не може да даде поддршка на двајца кандидати. Така Мукаетов ќе биде прв човек на РФМ најмалку до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Службени бодови и за Металург и Е.Пелистер во Европската лига

Покрај Вардар и Металург и Еурофарм добија службени бодови во Европската Лига. Металург сл…