Дома Фудбал Англија Мојес: Способен сум да работам било каде, репутацијата не доаѓа сама по себе!

Мојес: Способен сум да работам било каде, репутацијата не доаѓа сама по себе!

Мојес изминатиот месец е именуван за нов менаџер на Вест Хем, а под негово водство англискиот клуб излезе од кризата и остана непоразен во последните три натпревари.

„Способен сум да работам во било кој клуб во светот, така што сум сигурен дека тоа го можам и во Вест Хем. Треба тоа да го докажам. Морате да покажете се што можете. Репутацијата не настанува сама од себе“, истакна 54-годишниот стратег.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вест Хем инаку, побегна од зоната за испаѓање и во Премиер лигата се наоѓа на 15. позиција со 17 освоени бодови.

Од друга страна, за Мојес ова е шести клуб во досегашната тренерска кариера. Претходно ги предводеше Сандрленд, Реал Сосиједад, Манчестер Јунајтед, Евертон и Престон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер за 40 милиони евра ја купува ѕвездата на Рома!

Александар Станковиќ се враќа дома. Интер го договори неговиот трансфер со Клуб Бриж, но т…