Aриел Насо веројатно е најпознатиот келнер на светотво овој момент, а неговиот Инстаграм профил „експлодираше“ откако започна да објавува фотографии со фудбалските ѕвезди.
Ариел Насо во јавноста е познат како „Мохитомен“, а неговиот бизнис започнал да „цвета“ кога одлучил работите да ги превземе во своите раце.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „Мохитомен“ сега е задолжен скоро за секоја забава која познатите спортисти ја организираат на своите јахти.
Тој долго време работел како келнер на Ибица, но потоа еден одлучил да биде „сам свој газда“ и направил нешто што му го променило животот. Набавил опрема за пливање, но и опрема за правење коктели која ја носи со себе додека плива од јахта до јахта.
Бизнисот започнал да му „цвета“ за само неколку месеци, за тоа најдобар доказ се неговите фотографии на Инстаграм.
Од коктелите на овој човек пиеле: Меси, Роналдо, Зидан, Кристиано, Роналдо, Вејн Руни, Дани Алвес…