Дома Фудбал Мофи доминираше во Париз, Мбапе ги загуби нервите и тргна по него кога виде што направи

Мофи доминираше во Париз, Мбапе ги загуби нервите и тргна по него кога виде што направи

Ница синоќа го шокираше ПСЖ на Паркот на принцовите со победата од 3:2 во натпреварот од петтото коло на Лига 1.

Натпреварот го одбележа неверојатниот Мофи, кој го одигра натпреварот на кариерата, но во центарот на вниманието беше дуелот меѓу него и Килијан Мбапе, кој добро виде што направи напаѓачот на Ница по вториот гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, откако Мофи постигна одличен гол за 3:1, тој со прославата ги испровоцира навивачите на ПСЖ бидејќи ја стави раката на уво алудирајќи дека не може да ги слушне, а тоа очигледно му пречеше на Мбапе.

Капитенот на ПСЖ виде што направи Мофи и реши да се справи со него и да му каже неколку зборови. За среќа, судијата и останатите играчи брзо реагираа и прекинаа уште поголем конфликт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера отка…