Дома Фудбал Останато Мората оди во Мадрид на прегледи

Мората оди во Мадрид на прегледи

Се рализира и последниот дел од триаголникот Пијатек-Игуаин-Мората. Милан го доведе Пијатек, Игуаин беше испратен во Челзи, а со самото тоа и Мората беше принуден да бара нова средина. А таа е Мадрид и црвено-белиот дрес на Атлетико.

Речиси сите медиуми ја пренесоја веста дека трансферот на „Вандо Метролитано“ е завршена работа, а „Goal.com“ објави дека закажани се лекарските прегледи. Тоа значи дека проектираниот „синџир“ на релацијата Милан-Челзи-Атлетико Мадрид, за сега полека се формира, а тој се состои во тоа дека Милан го доведе Пијатек и го испрати на позајмица Игуаин во Челзи, а од таму Мората си оди во Атлетико Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега уште се чека Атлетико да го продаде Калиниќ, а хрватскиот напаѓач, кој пристигна од Милан е на чекор од заминување во Бетис. Мората оваа сезона на 24 натпревари постигна девет гола или гол на секои 166 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Слот за убедливата победа на Ливерпул: Ова го заслуживме

Арне Слот, тренерот на Ливерпул, ја анализираше убедливата победа на неговиот тим со 3:0 п…