Дома Фудбал Англија Мората не може да го издржи темпото, ќе го пропушти Хадерсфилд

Мората не може да го издржи темпото, ќе го пропушти Хадерсфилд

Челси од 18. ноември до денес одигра дури седум натпревари, поради густиот распоред во Премиер Лигата и натпревари во ЛШ. Конте смета дека поради многуте натпревари веќе почнал да се чуствува замор кај своите фудбалери.

За натпреварот против Хадерсфилд, Конте нема да смета на Алваро Мората поради замор но и поради проблеми со грбот.

„Мората нема да игра бидејќи чуствува замор, но и поради проблеми со грбот. Кога играте на секои три дена мислам дека е невозможно да се одработат квалитетни тренинзи и да работите на кондиција и физичката спремност на играчите. Едноставно е невозможно. Тешко е да ги подготвите играчите за толку натпревари.“ – изјави Конте пред вечерашниот натпревар и додаде:

“Мислам дека ние едноставно мораме да се соочиме со реалноста и да се обидеме да сториме сé што можеме. Не треба да се жалам сега за сè. Ние само треба да го дадеме нашиот максимум”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преговорите започнаа, Конте спремен да го преземе Манчестер Јунајтед

Италијанскиот стратег Антонио Конте е спремен да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед …