Дома Фудбал Италија Монца со официјално соопштение за состојбата на Пабло Мари, познато кога се враќа на терените

Монца со официјално соопштение за состојбата на Пабло Мари, познато кога се враќа на терените

Вчера во напад во близина на Милано беше пpoбоден фудбалерот на Монца, Пабло Мари. Веднаш по нападот тој беше пренесен во болница со хеликоптер, а сега преостанува да оди на рехабилитација.

Според лекарите тој ќе биде пуштен од болница за три или четири дена и тогаш ќе може да го започне процесот на рехабилитација. Неговиот живот не е во опасност, но повредите на мускулните ткива биле незгодни и длабоки па затоа ќе мора да мирува одредено време пред повторно да биде активен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Монца Мари настапува како позајмен фудбалер од Арсенал и сезонава одигра девет натпревари за италијанскиот тим и постигна еден гол. Монца во објавеното официјално соопштение најави дека го очекува да се врати на терените за околу два месеци.

За нападот се огласи и тренерот на Арсенал Микел Артета.

„Дознав предмалку, знам дека директорот Еду веднаш стапи во контакт со него и во овие моменти е во болница. Ми кажаа дека е добар, не знам нешто повеќе. Ќе разговарам подоцна со него. Најважно е што е добро“, изјави Артета.

Во нападот на 46-годишникот во маркетот покрај Мари беа повредени уште четири лица, додека едно лице го загуби животот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…