Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Милан, Винченцо Монтела покрај играч за врска од раководството побарал да биде донесен и еден крилен напаѓач во зимскиот преоден рок.
Милан одлично ја започна сезоната и моментално се наоѓа на третото место со само еден бод помалку од Рома, па „росонерите“ до крајот на сезоната ќе се борат за место кое води во Лигата на шампиони.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Поради тоа Мотела сака засилувања во зимскиот преоден рок, па покрај играч за врска кој би требало да го замени Монтоливо, тренерот побарал и еден крилен напаѓач.
Медиумите во Италија тврдат дека прва мета на „росонерите“ ќе биде ѕвездата на Лацио, Кеита Балде кој игра одчично но сеуште не го продолжил договорот со „лацијалите“ бидејќи сака да ја промени средината.
Милан наскоро ќе започне преговори со Лацио и е спремен да понуди 20 милиони евра, но проблем е што „лацијалите“ не сакаат да се откажат од својот фудбалер.